Вечер посветена на рускиот писател Данил Хармс во МКЦ

Во Младинскиот културен центар вечерва (27-ми мај) во 21 часот ќе се одржи вечер посветена на рускиот писател Данил Хармс.

Ќе се читаат негови дела, следени од музичка импровизација во живо, ќе биде изложена мала изложба на цртежи од неговите книги и цртежи инспирирани од неговите дела.

Данил Хармс е авангарден книжевник, сатиричар од раната советска ера, пишува песни, раскази, а се јавува и како детски писател. Целиот свој живот е оспоруван, прогонуван, затворан од советските власти.

Повеќето негови дела се објавувани во тајност, па така, вистинско открите за светот станува неколку години по неговата смрт. Умира во 1942 година, а неговата невиност е призната во 1960 година.

Музичката импровизација ќе биде во изведба на Бојан Петков – Шамба (гитара), Иво Солдатовиќ – Роко (кларинет), Јордан Костов (хармоника), Зоран Велковски (бас) и Владимир Лукаш (слајд уисл).

Читачи ќе бидат Иван Шопов (читач и модератор), Ѓоко Здравески, Елена Митреска, Жарко Иванов и Биљана Стојановска.