Вечер посветена на Игор Исаковски во МКЦ

Наместо денеска да биде промовирана поемата „Пресуда“ од Џабир Дерала во издание на „Блесок“, издавачката куќа на Игор Исаковски, неговите колеги и пријатели ќе оддадат почит на неговото творештво вечерва во Клуб ресторанот на Младинскиот културен центар, во 20 часот.

Тие ќе читаат негови песни и ќе говорат за него.

Исаковски почина во вторникот, но ќе остане запаметен како еден од најеминентните македонски поети, преведувачи и издавачи. Основач и директор е на културната установа „Блесок“, каде што работеше како главен и одговорен уредник на истоименото списание.