Вечер посветена на Горан Стефановски во „Олд скул“

Тимот на „Олд скул“ оранизира јавен настан со кој ќе оддаде почит на еден од најдобрите македонски драматурзи, Горан Стефановски, кој почина пред два дена на 66 годишна возраст.

„Хероите ни заминуваат еден по еден, но за среќа ни оставаат дела со кои се гордееме и од кои ќе учиме и ќе ги учиме и нашите деца“, стои во најавата за настанот.

На него, присутните ќе може да се потсетат на омилената серија од детството „Бушава азбука“, но и текстовите што ги пишувал за „Леб и Сол“.