Вечерва се отвора Скопско лето 2017

Со настапот на Омер Фарук Текбилек (САД/Турција) и неговиот ансамбл во Македонска опера и балет, вечерва во 22 часот се отвора годинешното Скопско лето.

Отворањето на Скопско лето 2017 ќе го означат уште два културени настани, односно во 19:30 часот ќе се одржи концертот „Летни ноти“ на Градскиот дувачки оркестар под диригентската палка на Хусеин Еминовиќ на улица Македонија. Во 20 часот, исто така, на улица Македонија ќе биде поставена инсталацијата „Think freedom – Мисли слобода“ на Едина Селесковиќ – Бoсна и Херцеговина.

Под покровителство на Градот Скопје и Министерството за култура на Република Македонија, годинешново Скопско лето ќе понуди околу 50 програмски содржини, концерти на класична, народна и џез музика, драмски, балетски и оперски претстави, изложби и филмски проекции, специјални проекти и премиери. Главниот град на државата ќе пулсира во ритамот на творешниот немир и креативноста на домашните уметници, а Скопје и оваа година ќе биде домаќин на уметници од 16 држави од целиот свет

Меѓународната културна манифестација и годинава традиционалано почнува на првиот ден на летото, кога се одбележува и Светскиот ден на музиката.

Целосната програма на Скопско лето 2017 може да ја видиме ОВДЕ.