Вечер на словенските јазици на Филолошкиот факултет

На 17 декември (среда), со почеток од 18:30 часот, студентите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје од отсекот славистика организираат вечер на словенските јазици. Настанот ќе се одржи во големиот амфитеатар на факултетот.

Целта според студентите е преку едукативно-поетско-музички настан да се претстави словенската култура. Притоа, присутните ќе можат да дегустираат и традиционална храна од словенските земји.