Вечер на слем поезија во Битола посветенa на ЛГБТИ заедницата

Вечер на слем поезија во Битола ќе се одржи во петок, на 25 март во просториите на Интимен Театар. Овој јавен настан е посветен на ЛГБТИ заедницата, нивните семејства и поддржувачи.

На вечерта на слем поезијата се поканети сите кои сакаат да споделат свои оригинални стихови или песни од други автори кои говорат за нехеторосексуалните животни искуства, емоции и практики. Преку овој тип на културни настани, како што појаснуваат организаторите на настанот, се обидуваат да го збогатат јавниот и културниот дискурс со теми кои се надвор од фокусот, но истовремено и да креираат социјални и културни простори во кои ќе се негува поддржувачка атмосфера за различностите кои често се заборавени и невидливи.

Настанот е дел од проектот „Децентрализација на активностите за застапување за ЛГБТИ права спроведен од Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ во партнерство со ЛГБТИ Центарот за поддршка со поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува Фондацијата Отверено општество – Македонија.

Почетокот е најавен во 19:00 часот.