Вечер на германски филм во Кинотека – проекција на „На иста висина“

Во Кинотека во четврток (30 јануари) повторно ќе има „Вечер на германски филм“, каде овој пат ќе биде проектиран филмот „На иста страна“.

Се работи за филм од 2015 година на режисерите Ефи Голдбрунер и Јоахим Долхопф.

„Михи не е многу среќен во домот за деца без родители, каде е сместен по смртта на неговата мајка; за остатокот од семејството нема поим. Кога десетгодишникот наоѓа писмо од неговата мајка за неговиот наводен татко, добива нова надеж. Тој го бара и го наоѓа, но мажот воопшто не одговара на сликата која момчето си ја створило за својот татко. Том, од друга страна, кој нема поим дека има син, е со џуџест раст“, стои во најавата за филмот.

Инаку, еднаш во месецот, во четврток, Гете-институт Скопје прикажува германски филм во Кинотека. Ова полугодие централна тема на филмовите е – различности (Diversity).

Влезот е слободен. Сите филмови се прикажуваат со македонски и албански превод.