Вечер на француска музика и поезија во Музеј на град Скопје

Во среда (19 октомври) со почеток од 20 часот, во Музеј на град Скопје ќе се одрживечер на француска музика и поезија „Патување низ стихови и музика“ со поетесата Лор Камбо.

Лор Камбо e пијанистка и поетеса, која настапува со бројни лирски изведувачи, а нејзините стихови се присутни во голем број списанија и антологии.
По настапот во Скопје, таа ќе учествува на Фестивалот на поезија „Наим Фрашери“ во Тетово, од 20 до 24 октомври 2016.

На програмата се дела од Ерик Сати, Франсис Пуленк, Бела Барток, Ејтор Вила-Лобос, Луј-Моро Готшалк, како и читање на извадоци од поеми на авторката.

Настанот го организираат Францускиот институт во Скопје и Музејот на град Скопје.