Веб страницата Непфликс им помага на корисниците да заспијат со најздодевните видеа на интернет

Нова веб страница именувана Непфликс, ги селектира најздодевните видеа кои можат да се најдат на Јутјуб и ги емитува едно по друго, со цел гледачот да успее да заспие додека има проблеми со сонот.

Едноставната веб страница е направена по моделот на Нетфликс. Користи темна позадина, за да се избегне светлина додека се пребаруваат клиповите. Некои од смирувачките видеа кои услугата ги нуди се камин што гори, традиционална римска миса, квантна теорија и многу други.

Секако, што е здодевно е субјективна работа. Но, страницата има „по нешто досадно за сите“.

Виктор де Тена, еден од авторите на Непфликс, вели дека се инспирирал откако гледал „типичен фудалски натпревар без ниту еден гол“.

„Почнав да размислувам за сите нешта кои обично ги гледам во времето за дремка, кои ми помагаат да заспијам“, вели. „Тоа поттикна идеја – да ги соберам сите такви содржини, за да создадам дигитална платформа која ќе помогне на корисниците да ги фати дремка“.

Сепак, науката вели дека гледањето во екран пред спиење е всушност ужасен начин да се заспие. Но, реалноста е дека многу луѓе денес зависат од некаков вид на бел шум или видео за да им помогне да заспијат. Несоницата е проблем со кој се соочуваат милиони луѓе.