Веб-страница овозможува пребарување на филмови користејќи опис

Веб-страница развиена од фински тим веројатно е првиот агрегатор за пребарување на филмови користејќи опис, и ветува дека ќе го реши проблемот на луѓето кои не можат да се сетат на името на филмот.

Тимот програмери од Универзитетот во Оулу, Финска, добил 650 000 долари од инвеститори за да ја создаде страницата whatismymovie.com, описен пребарувач на видеа кој овозможува опширна потрага на филм, по сличен принцип на апликацијата Шазам.

Оваа технологија овозможува пребарување во реално време и со помош на разни описи како места, предмети, луѓе. Откако ќе се напише збор во делот за пребарување, веб-страницата дава неколку предлози. Од Valossa Smart Search велат дека страницата може да идентификува и со гласовни команди.

Веб-страницата во моментов содржи податоци на повеќе од 45 000 филмови на англиски јазик и може да се проба на овој ЛИНК.