Веб-страница овозможува да се доживее апокалипса

„The Collapse“ е веб-страница со која се врши симулација на крајот на општеството. Ова е дел од промоцијата на новата игра „The Division“ која од 8 март ќе биде достапна за компјутерите, PlayStation 4 и Xbox One.

Во играта, се појавуваат супер-војници кои се борат против вирусот, преживеани од апокалипсата се обучени да работат самостојно за да воспостават ред по распаѓањето на владите. Играта се случува во Менхетен, откако вирусот излегол од контрола. Меѓутоа, „The Collapse“ дава приказ на тоа што се случило претходно.

Кога ќе се посети веб-страницата, симулаторот овозможува корисникот да ја внесе неговата адреса на живеење и со тоа дејството се случува во градот во кој живее. Мапата наскоро е преплавена со портокалови точки кои ги означуваат сите заразени. Како што се зголемува бројот на инфицирани од вирусот, настанува општ хаос, се случуваат експлозии, кршење на стакло, сирени, пукотници што води кон паника низ целиот свет.

Симулаторот дава увид преку „реални податоци“ секој да се почувствува на местото на нулта пациентот. Апокалипсата настанува кога ќе снема доволно вакцини, се случуваат грабежи, настанува безредие, драстично се зголемува бројот на смртни случаи, војници ги напуштаат своите работни места и паѓаат националните влади.

Играта е продолжение на оваа состојба, кога војникот Tom Clancy тргнува во мисија да го спаси светот од темнината поради епидемија на сипаници.

Симулацијата може да ја проба секој на овој линк.