Веб страница за онлајн образование, MasterClass, нуди предавања од најдобрите „експерти“ од различни области, од Серена Вилијамс и Кевин Спејси, па се до Вернер Херцог и Ханс Цимер.
Иако МастерКлас не нуди целосни семинари и предавања, како Кан Академијата и курсевите на Оксфорд, имаат 12 нови познати личности во изминатата година. Последен нивен „професор“ е Стив Мартин, кој предава глума.
Курсот се плаќа 90 долари, за еден мастер час. Се предава на различни теми, како режија, готвење, глума, пеење, сценарио, музичка продукција, па дури и филмска музика.
Меѓу професорите се вбројуваат имиња како Кристина Агилера, Кевин Спејси, Ашер, Гордон Ремзи, Џејмс Патерсон, Шонда Рајмс, Дастин Хофман, Вернер Херцог, Арон Соркин, Риба МекЕнтаер, Ханс Цимер, Дедмаус и Серена Вилијамс.
Компанијата, кој е инаку основана во 2015 година, сега има буџет од 56,4 милиони долари, а се рекламира на места каде младите има најголема шанса да ги видат – Јутјуб и Фејсбук.
„Ние сме онлајн образовна платформа, па поголемиот дел од нашите реклами се спроведени на интернет“, вели портпарол од компанијата. „Се обидуваме да целиме до студенти кои би можеле да имаат интерес во одредена тема, предавање или предавач“.
Не е познато колку луѓе се регистрирале за предавањата, но пред околу една година, компанијата тврдеше дека повеќе од 30 илјади се запишале на некое од предавањата.