Веб-страница на која се прави есид хаус

Љубителите на жанрот есид хаус повеќе не мораат да се грижат што не можат да си го дозволат легендарниот синтисајзер на Roland, TB-303. Тој сега е (речиси) копиран на интернет, а иако проектот е во развој, првичните впечатоци се одлични.

Компанијата Errozero го развива првиот виртуелен синстисајзер кој на корисниците ќе им дозволи да прават есид хаус во својот веб-браузер, со само неколку кликови. Сега веќе нема потреба од студиски простор или од големи вложувања во опрема – Acid Machine има неколку бас-синтисајзери, ритам машина, функција за рандомизација и уште неколку уредувања, кои се доволни за корисникот да добие прилично добри музички резултати.

Потребен е само просечен компјутер и Google Chrome, за најдобра перформанса. Пробајте како функционира Acid Machine.

 

Извор