Веб страница ги претвора сликите од Инстаграм во боенка

Color Me Book е веб страница на која корисниците на Инстаграм можат своите фотографии да ги претворат во оригинална боенка.

„Мојот свршеник боеше боенка за возрасни и се сетив дека би била одлична идеја да имам персонализирана боенка, со фотографии од нашите кучиња“, вели Кори Вил, кој се сетил на оваа идеја, за Mashable.

„Шокиран бев што не можев да најдам таква боенка никаде. Имам пријателка која има печатница, па го замолив да ми направи. Кога им го покажав подарокот за неа на семејството и пријателите, реакцијата бше позитивна. Решив да направам веб страница на Shopify и официјално ја лансиравме на 12 април“, раскажува Вил.

Сé што треба да се направи е да се прикачи објавата на Инстаграм на Color Me Book, а потоа готовата боенка се испраќа до корисникот.

Персонализираната боенка со пет страници чини 25 долари.