Вдовец објавил оглас барајќи друштво за рибарење, добил повеќе од 100 повици

Кога пријателот на 75-годишниот Реј Џонстон починал, пензионерот се загрижил дека тоа е можеби крајот на неговото омилено хоби – рибарењето.

Наместо да оди сам да рибари, Џонстон објавил реклама на интернет, на која бара пријател со кој би можел да лови риби.

Во својата реклама напишал:

„Моето име е Реј Џонстон. Австралијанец. Јас сум вдовец и пензионер кој бара пријател за рибарење. Мојот поранешен пријател сега е веќе починат.

Барам само рибар во иста состојба како мене, кој само сака некој да рибари со него“.

Џонстон, од Јужна Австралија, добил повеќе од тоа што барал кога неговата приказна добила повеќе од милион прегледи на Фејсбук, а добил околу 100 одговори.

За австралиски медиум изјавил: „Осамено е да се седи по дома и да се гледа телевизија цело време. А и да се рибари сам не е многу забавно.

Кога добив неколку повици наредното утро, помислив дека ми се јавуваат поради мојата возраст, но продолжија да се јавуваат сѐ повеќе и повеќе“.

Неговата приказна допрела многумина Австралијанци, а оттогаш Џонстон е на сите медиуми во земјата.