Ватикан врати дел од скулптурите од Партенон во Грција

Ватикан врати три фрагменти од скулптури од Партенон, откако минатата година Папата Франциск ја најави одлуката за враќање на мермерите стари 2.500 години, пренесува „Би-Би-Си“.

Се работи за скулптури од глава на коњ, глава на маж со брада и глава на момче.

Грција се надева дека потегот ќе поттикне и други земји да ги вратат скулптурите од Партенонот.

Околу 50% од оригиналните скулптурите од Партенон се зачувани, а половина од нив се наоѓаат во Британскиот Музеј.

Мермерните скулптури биле дел од колецијата на музеите на Ватикан со два века.

Грција се обидува да ги врати скулптурите од Ватикан и европските колекции од почетокот на 20 век.

Во раните 1800 години, скулптурите биле одземени од Партенонот по наредба на шкотскиот благородник Томас Брус, познат како Лордот Елгин. Тој ги продал скулптурите на британските власти кои ги изложиле во Британскиот Музеј.