Онлајн изложба „Еклектични изохипси“ во Галерија Тетово

Во Уметничка галерија Тетово поставена e изложбата „Еклектични изохипси“ на уметниците Катерина Деспот и Васка Сандева.

“Еклектични изохипси“ е насловот на онлајн изложбата која од вчера е достапна за посетителите на Унетничката Галерија Тетово. Изложбата ги претставува делата на уметниците Катерина Деспот и Васка Сандева, а заинтересираните можат да ги видат делата преку Фејсбук страннивата на тетовската галерија.

Истовремено, изложбата е отворена и за физички посетители, согласно протоколите за заштита од коронавирусот.

Катерина Деспот е родена во Прилеп во 1977 година, а завршила Индустриски дизајн на Националната ликовна академија во Софија. Васка Сандева е родена во Кочани во 1982 година, а во Софија завршила Пејсажна архитектура и докторирала на Шумарско-техничкиот универзитет.

Во прилог проследете ја онлајн изложбата.