Ватикан: Невозможно е трансродово лице да биде кум

21-годишниот Алекс Салинас е католик од Шпанија, кој се родил како жена, но себеси се идентификува како маж. Во јуни, Салинас побарал да биде кум на својот внук, но неговото барање било одбиено.

Според шпанските медиуми, црквата во која тој бил крстен соопштила дека тој не е подобен да биде кум, бидејќи е трансродово лице, што е спротивно на католичкото учење. Бишопот на Салинас, Рафаел Зорноза првично ја поништил одлуката и се обратил до раководството на Ватикан со што го привлече вниманието на јавноста и медиумите.

Во средата, Ватикан донесе конечна одлука, согласувајќи се со првичната одлука со која не му се дозволува на трансродов католик да биде кум. Во соопштение Ватикан вели дека е невозможно трансродово лице да биде кум.

„Статусот на трансексуалците во јавноста открива начин на однесување спротивно на моралниот императив на разрешување на проблемот за сексуалниот идентитет, според вистината на сопствената сексуалност. Затоа, јасно е дека овој човек не поседува услов за водење на животот според верата и во позиција на кум и затоа не може да му биде одобрена улога на кум или кума”, стои во соопштението.

Од Ватикан велат дека немало дискриминација кон Салинас, туку само се признал објективниот недостаток на барањата, кои се потребни за да се преземе црковната одговорност да се биде кум.

Според шпанското ЛГБТ, одлуката на Ватикан претставува етичка осуда, со тоа што не му дозволува на Салинас да биде кум на својот внук.