Васка Бојаџи е новиот студентски правобранител на УКИМ

Васка Бојаџи е новиот студентски правобранител на УКИМВаска Бојаџи, апсолвентка од Струмица, е избрана за нов Студентски правобранител на УКИМ. Бојаџи досега ја извршуваше функцијата заменик Студентски правобранител одговорен за Правниот факултет. 

„По огласот кој беше распишан од страна на СПУКМ, Собранието на СПУКМ донесе одлука дека меѓу мнозината пристигнати апликации и големата заинтересираност, студентката е најсоодветен кандидат да ја преземе оваа функција. Оваа одлука беше поддржана и од Сенатот на УКИМ“, објави СПУКМ на својата веб-страница. 

„Васка е третиот по ред Студентски Правобранител од редот на студентите, а петтиот откако е востановено ова тело. За разлика од студентите од регионот единствено македонските студенти имаат Студентски прабовранител од редот на своите колеги. Студентскиот Правобранител има задача да ги штити и промовира студентските права и преку достапност, јавност, транспарентност и отвореност кон сите студенти, како и досега, активно  да им помага на своите колеги во можните проблеми. СПУКМ и СП во наредниот период најавуваат масовни кампањи за промоција на студентските права преку востановената практика за одржување на трибини на секој факултет на УКИМ, но и преку средби со студенти на секој Факултет“, велат од СПУКМ.

Еве го настапот на Васка Бојаџи на ораторската вечер „Иво Пухан“ во 2012: