„Вашингтон пост“ откако доби Пулицерова награда за информациите од Сноуден бара негово гонење

Од „Вашингтон пост“ велат дека Едвард Сноуден не заслужува помилување од претседателот Барак Обама.

Весникот во натпис објавен во саботата пишува дека прашањето за тоа дали поранешниот соработник на Националната агенција за безбедност заслужува да биде помилуван од претседателот е „сложено“, но дека одговорот треба да биде „не“.

Понатаму, во натписот се вели дека оние кои го бранат Сноуден не одрекуваат дека тој го прекршил законот кога „копирал и имал 1,5 милиони класифицирани документи“.

„Тој ги направи документите јавни преку новинарите, вклучително репортери на „Пост“, овозможувајќи и на американската јавност да дознае за првпат дека НАБ собирала податоци од домашните телефони – информации за времето кога е направен повикот и колку пати, но не и неговата содржина, масовно без судско одобрение за секој случај“.

 Програмата, како што пишува „Пост“, е насилство врз федералниот закон за надзор.
„ Конгресот и претседателот конечно одговорија со корективно законодавство. Фер е да кажеме дека му ги должиме овие неопходни реформи на Сноуден“, се вели во натписот.
„Компликацијата е во тоа што Сноуден направи повеќе од тоа“.
Сноуден откри информации и за друга интернет мониторинг програми на Националната агенција за безбедност, која беше легална и не беше закана за приватноста на луѓето, напиша од „Пост“.

„Полошо, далеку полошо, е тоа што објави детали за меѓународни операции на Агенцијата: соработка со скандинавските сервиси против Русија, шпионирање на жената на соработник на Осама бин Ладен и одредени операции за сајбер одбрана во Кина“, се вели во натписот.

Информациите на Сноуден нарушија „законско собирање на разузнавачки информации“ и резултираше со оштетување на националната безбедност, велат од уредништвото на весникот.

„Вашингтон пост“ освои Пулицерова награда за јавна служба за покривање на програмите кои ги разоткри Сноуден.

„Пост“ го повика Сноуден „да се врати дома и да се помири со сето ова пред судот на неговите колеги“.

„Тој вели дека ова е неприфатливо бидејќи според статутите на агенцијата, посебно се забранува да ги користи неговата намера и позитивно влијание како одбрана, што е точно, иако не е јасно како законот ќе го дозволи тоа без да создаде огромна дупка за „свиркачите“.

„Пост“ понуди и друга опција, односно зделка.

„Сноуден да прифати одредена мера на криминална одговорност за неговите испади, а американската влада да понуди поблага казна за неговиот придонес“, напиша весникот.

„Ниту една страна не изгледа заинтересирана за тоа засега. Апсолутно помилување, пак, ќе создаде погрешен баланс“.