Вашингтон пост: НСА има систем за следење на сите телефонски разговори

Американската агенција за национална безбедност (НСА) има направено систем за следење што може да ги снима сите телефонски разговори во целната земја, а аналитичарите преслушувале само „дел“ од еден процент од повиците, објави „Вашингтон пост“.

Вашингтон пост: НСА има систем за следење на телефонски разговори

Повикувајќи се на неименувани извори што директно го познаваат системот, како и документите објавени од поранешниот службеник на агенцијата Едвард Сноуден, весникот наведува дека целниот глас се пресретнувал со употреба на програмата „Мистик“, што се применува од 2009 година и програмата „Ретро“ како алат за примена.

Системот на НСА, што е способен за снимање на 100 отсто од телефонските повици во целната земја, може да репродуцира гласови од било кој повик без потреба таа личност да била однапред идентификувана за следење, нешто што ниту еден програм досега не можел да го направи и да „сними“ цела телефонска мрежа на една земја.

Аналитичарите преслушувале само „дел од еден процен од повиците“, иако апсолутниот број на комуникации под системот за надзор бил висок.

Секој месец на преработка и долгорочно чување биле предавани „милиони делчиња од говори или извадоци“ за преработка и складирање, наведува „Вашингтон пост“, без да објави детали што ќе овозможат идентификување на земјите во кои системот за надзор функционирал или било предвидено негово користење.