Варшавската зоолошка ќе третира депресивна слоница со масло од канабис

Откако смртта на еден од слоновите, ја истрауматизирал млада слоница Фредзиа, Зоолошката градина во Варшава пробала и една експериментална терапија преку која се надеваат дека кај Фредзиа ќе се намалат чувствата на анксиозност и депресија.

Ерна, најстарата женка од видот на Африкански слонови починала во март во Зоолошката градина, а зад себе оставила три млади слончиња кои треба да си ја најдат улогата во разурнатото стадо. Од нив, Фредзиа имала најголеми потешкотии при адаптацијата.

„Ова е голем чекор напред кон истражувањата за слоновите. Можно е слоновите да имаат проблеми со однесувањето при промена на структурата на групата“, истакнала докторката Агњешка Чујковска, која го води одделот за животинска рехабилитација.

При смртта на Ерна, чуварите од зоолошката истакнале дека Фредзиа е депресивна и покажувала знаци на тага. Младата слоница оттогаш е во постојан стрес, барајќи најчин да се поврзе со женската слоница Буба.

Докторката Чујковска и нејзините колеги се надеваат дека експерименталната терапија со масло од канабис ќе го намали стресот на Фредзиа и ќе и помогне на слоницата за зближување со останатите во групата.

Канабидиолот, на маркетот познато и како ЦБД масло, е екстракт од растението канабис за кое се смета дека го зголемува лачењето на допамин и серотонин во мозокот, две хемии кои влијаат на расположението. ЦБД маслото нема психоактивни ефекти, па нема да ги отруе слоновите.

За ваквиот експеримент во Варшава, доктор Чујковска ќе ги надгледува нивоата на кортизол. Кортизолот е хормон кој се лачи во телата на луѓето и животните при стресни ситуации. Екипата веќе ги измерила нивоата на кортизол кај малата слоница.

„Планираме да им дадеме масло и потоа уште еднаш да го измериле кортизолот. Ова е експеримент. Само така со сигурност ќе знаеме дали маслото функционира или не“, додала Чујковска.

Професорката Кејтлин О’Конел од Универзитетот „Стендфорд“ која ја предводи истражувачката група за набљудување на социјалната структура на групите слонови, изјавила дека терапијата со ЦБД масло е соодветна за стадото слонови во Варшава, имајќи предвид за анти-стрес ефектите на маслото врз луѓето, кои не се справуваат со загубата многу поразлично од слоновите – цицачи.

„Се забележува дека слоновите имаат слични однесувања како нас во контекст на загуба, па поради тоа што делиме некои исти хормони, треба да се проба скоро се’ кога станува збор за намалување на стресот“, додала О’Конел.

Извор: Independent