Вардар Филм ги повика граѓаните да ги донираат своите стари филмски архиви од Скопје

За реализација на проект, Вардар Филм има потреба од 8 и супер 8 милиметарски ленти од домашните архиви на граѓаните.

Проектот насловен „Тајните филмски архиви на градот“ го спроведуваат со Кинотека.

„Ве молиме вашите домашни снимки да ги доставите до архивата на НУФЦ Вардар Филм-Скопје на улица „8 Март“ број 4, 1000 Скопје“, се вели во апелот на Вардар Филм.

За дополнителни информации може да ги контактирате на 02/5 115 540 или 070 341 463