Вања Лазарова јa доби наградата за животно дело

Македонската музичката легенда Вања Лазарова денеска во Собранието ја прими државната награда за животно дело „11 Октомври“.Годинешни добитници се на наградата за животно дело во областа на културата се и академик Катица Ќулавкова и диригентот и педагог Рамадан Шукри. Во областа на науката и образованието наградите го добија докторот Дејан Докиќ и професорот Зоран Тодоровски.

132324410

Фото: МИА

Случајот со Вања Лазарова стана актуелен пред половина година откако медиумите објавија дека и покрај светската слава таа живее во домот за стари лица „Милица“ со скромна пензија. Повеќе од десет илјади граѓани за неполни 24 часа тогаш се придружија на иницијативата на социјалните мрежи со поддршка на македонска певица да добие статус национален уметник и национална пензија. По силниот граѓански притисок, државата и додели пензија во износ од 35 илјади денари, која наскоро ќе почне да ја добива.

Лазарова е македонска пејачка на изворни народни песни, доајен на македонската народна музика. Таа има испеано стотина македонски изворни народни песни, од кои најголемиот дел се снимени во продукцијата на МРТ. Има настапувано на голем број концерти на повеќе континенти. Пеела во Алберт Хол во Лондон пред британската кралица Елизабета Втора и премиерот Винстон Черчил. Голем е нејзиниот придонес, во соработка со групата „Анастасија”, за музиката од филмот „Пред дождот” на Милчо Манчевски кој доби награда Златен Лав на фестивалот во Венеција во 1994 година.

Таа е првата македонска пеачка која има снимено плочи за најголемите издавачки куќи Poligram и Philips. Добитник е повеќе интернационални музички награди а нејзиниот вокал е особено податлив за синтезите во етно-музиката. Има настапувано на голем број концерти на повеќе континенти.