„Вагинални монолози“ по трет пат во Скопје

На 18 и 19 март од 19 часот, во Паб Комедија ќе се одржи драмското читање „Вагинални монолози“ од страна на активистки за женските права.

„Вагинални монолози“ е дело напишано од Ив Енслер, кое за прв пат е изведено во 1996 година во Америка. Истото во Македонија се организира по трет пат во продукција на неформалната група на граѓани VDay.

Билетите во претпродажба може да се најдат преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по симболична цена од 120 денари.

Сите собрани средства ќе бидат донирани во Кризен Центар „Надеж“ во Скопје, кој згрижува жени жртви на насилство.