В.д. директорот на Турскиот театар поднесе оставка: Притисоците и обидите за партизација ме натераа на ова

В.д. директорот на Турскиот театар, Наџи Шабан, поднесе оставка бидејќи како што вели , се соочувал со притисоци, уцени и партизација на театарот.

„Како в.д. директор секогаш се стремев да обезбедам заедно со моите колеги минимум услови кои беа разрушени од претходната управа и во тоа успеавме да направиме максимум. Екипата се комплетира со седум колеги од техничката екипа на Турски театар Скопје. Го отворивме патот за новите млади актери (генерации) на кои им пожелувам успешна кариера со сето мое срце.

Притисоците, уцените за кадровска политика, обидот за партизација на Турскиот театар и намерна опструкција на политичката ‘елита’ за непречена работа на Турски театар – Скопје, ме натераа да поднесам неотповиклива оставка на функцијата директор бидејќи сум професионалец, а ние, уметниците, знаеме кога е време и кој е начинот на протест сè со една цел: го кревам гласот против партизација и поделби наметнати од партизација на турските политички партии“, напиша Шабан на својот „Фејсбук“ профил.

Почитувани,Како В.Д. Директор секогаш се стремев да обезбедам заедно со моите колеги минимум услови кои беа разрушени…

Posted by Naci Saban on Tuesday, 24 July 2018