Утврдени штетите од пробивањето пат во парк шумата Водно

Направена е штета од 853.200 денари или околу 14 000 евра во Парк шумата Водно, во месноста „Рупи“, каде на крајот од месец мај имало сеча на дрвја, соопшти Град Скопје.  Случајот стана познат на јавноста откако кон крајот на минатиот месец на социјалните мрежи почнаа да се споделуваат фотографии од рекреативци и активисти кои редовно се искажуваат на Водно.

Против едно физичко лице е поднесена пријава против физичко лице до МВР, откако вештаците од Бирото за судски вештачења утврдиле дека незаконски се вршени градежни земјени работи за пробивање на земјени патишта и зарамнување на одредена површина во заштитеното подрачје во местото „Рупи“.

Со извршените земјени работи била зафатена вкупна површина од околу 5.864 квадратни метри и се оштетени или исечени повеќе стебла од црн бор, стебла од разни листопадни дрвја и природен подмладок од црн бор со старост над 3 години.

„Врз основа на правилник за висина на цената за штети во шума (сл. Весник на РМ број 75/2010 год.) вредноста на штетата предизвикана со активностите во заштитеното подрачје, кои не со во согласност со планските документи за заштитеното подрачје, односно шума со посебна намена, во овој случај парк шума Водно, изнесува: за оштетени стебла од црн бор – 403.200,00 денари; За оштетени стебла од листопадни дрвја – 90.000,00 денари и за оштетен природен подмладок од црн бор – 360.000,00 денари“, соопштија од Град Скопје.