Утрово Скопје најзагаден град на светот

Со Индекс за квалитет на воздухот 217, Скопје утрово беше најзагаден град во светот. Податоците објавени на страницата „AirVisual” покажуваат дека по Скопје се најдоа градовите Лахоре од Пакистан и Дака од Бангладеш.

Според мерните станици на Министерството за животна средина, утрово највисока концентрација на штетните ПМ10 честички има во скопската општина Карпош- 214 мг на метар кубен или четири псти над максималните граници. Ноќеска највисокои концентрации беа забележани во Центар со 371 на метар кубен, или седумпати над дозволеното. Мерните станици Лисиче и Гази Баба се уште не работат.

Сериозно аерозагадување има и во Струмица и Тетово.

Инаку Скопје и ноќеска беше најзагаден град на светот, со Индекс на квалитет на воздухот 266. Друштво му правеа Лахоре од Бангладеш и Делхи од Индија.