Утре започнува третата „Студентска музичка пролет 2020“

По две успешни изданија, годинава од 15 до 30 јуни, по третпат ќе се одржи интердисциплинарната манифестација ,,Студенска музичка пролет“, со серија настани претставени онлајн.

Овогодинешното издание опфаќа предавања, концерт, рецитал, научна средба и работилница за интердисциплинарни истражувања со фокус на анализи во книжевноста. Facebook live steaming настаните ќе можат да следат на Фејсбук страницата  Студентска музичка пролет.

Целата програма погледнете ја во продолжение:

15 јуни 2020, 18:00 – Предавање на проф. д-р Владимир Мартиновски „Музичките инструменти во поезијата“ и концерт на ВлаДуоМир(со Владимир Лукаш и Владимир Мартиновски). Се работи за хаику концерт каде за 17 минути  ќе бидат претставени 17 хаику песни. Модератор е доц. д-р Мира Беќар (УКИМ). 

17 јуни 2020, 18:00 – Предавање на Оливер Јосифовски (член на бендот „Љубојна“)  насловено како „Ритамот – Движењето, Музиката – Дишењето“. Модератор е доц д-р МираБеќар (УКИМ). 

19 јуни 2020, 20:00 – концерт на Андреа Коева и Кристијан Шевченко (Facebook Watch Party). Андреа и Кристијан се студенти на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје. 

27 јуни 2020, 18:30 Научна средба – Интердиспицлинарни истражувања во книжевноста „Зборовите и музиката“, Рут Џејкобс (САД), Лаура Ватано(Италија), рецитал (Webex  Event сорегистрација). Рут и Лаура се студенти, докторанти на Универзитеот во Единбург. Модератор на настанот: доц. д-р ИванаТрајаноска (УАКС). 

29-30 јуни 2020 11:00 – 13:00 Интердисциплинарна работилница „Проза и музика“ –  доц. д-р Ивана Трајаноска (Webex Event со регистрација)

„Студентска музичка пролет“ е интердициплинарен проект кој има цел да го подобри квалитетот на културниот живот на студентите преку организирање културни настани на самите универзитети. Исто така, СМП го промовира интердициплинарниот пристап во уметноста и академските истражувања и се стреми да о доближи до студентите. Во фокусот на проектот е музичката уметност и нејзините врски со другите уметности, научни дисциплини и општеството. Настанот е поддржан од Министерството за култура, ФилолошкиотФакултет „БлажеКонески“ и Универзитетот Американ колеџ Скопје.