Утре ќе се одржат деветтите „Астални проекции“

Утре (7 април) со почеток во 20 часот во клубот „Менада“ ќе се одржи деветтото издание на поетското читање „Астални проекции“. Учесниците ќе читаат поезија во три круга: во првите два свои песни, а во третиот – омилена песна од некој друг автор.

Учествуваат:

Игор Трпчески
Зоки Спијач
Дејан Матиќ (Србија)
Нора Букле
Лазар Попов
Сузи Тенева
Костаке Милков
Наим Пари
Стефан Марковски
Митко Апостолов
Венета Иљоска
Александар Апостолов

За музиката ќе се погрижи Борјана Мојсовска.