Уставниот суд на Уганда го поништи контроверзниот анти-геј закон

Уставниот суд на Уганда го поништи контроверзниот анти-геј закон,кој предизвика бројни реакции во јавностa поради неговоте „драконски“ одредби. Парламентoт го донесе законот лани, во декември кога опозицијата ја обвинуваше власта дека целиот процес бил нелегален бидејќи при гласањето немало кворум.  Претседателот на Уганда, Јавери Мусавени го потпиша законот во февруари годинава и покрај противењето на домашната опозиција и силните приговори од меѓународната заедница. Тој тврдеше дека станува збор за „акт на демократија“ и доказ дека Уганда е суверена и независна држава, која со еден ваков закон „се брани од силните западни притисоци“,  јави МИА.

геј бракови

Иако хомосексуалноста во Уганда и претходно беше противзаконска, со новиот закон за „навредлива хомосексуалност“ и за промовирање на хомосексуалност,беше предвидена казна од доживотен затвор. Уганда е мошне конзервативно општество,каде поголемиот дел од луѓето се противат на давањето права за геј заедницата и ги одобруваат строгите мерки на владата со кои и порано и сега за хомосексуалците е предвидена затворска казна. Во земјата е строго забрането и создавање на исто полови заедници на двајца мажи,или на две жени,а за таквиот „престап“ следува тешка затворска казна.

Претставник на Уставниот суд изјави дека петмината судии го прогласија законот за нелегален,затоа што е донесен без доволен број пратенички гласови. Противниците на правата на хомосексуалците,организираа протести по одлуката на Уставниот суд,но активистите за човекови права го означија судското решение како нивна голема победа.

Судот заседаваше по петицијата што ја потпишаа угледни интелектуалци во земјата,професори,новинари и активисти за човекови права. Во јуни годинава,САД воведоа санкции против Уганда,поради „повредување на човековите права„ во земјата,додека неколку европски држави,како Холандија,Шведска,Данска и Норвешка, во знак на протест, ги укинаа донациите што ги даваа за оваа источноафриканска земја.