Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) информира дека студентскиот дом „Пелагонија“ ќе биде отворен за сите студенти на кои им е потребно сместување во текот на летото, почнувајќи од 1 јули 2025 година.
Од УСС-УКИМ ги објавија и цените за сместување.
„Доколку ви треба сместување за неколу вечери цената е 300 денари од вечер. Цената за еден месец е 4.000 денари. Цената за издавање на цела соба (4 кревети) месечно е 11.000 денари (може да се сместите и повеќе студенти во една, тоа значи ако сте 4 ќе плаќате по 2.750 денари)“, соопшти УСС-УКИМ.