Успешна изложба „Постави срце“

Синоќа во Концепт 37 се одржа финалниот дел од акцијата „Постави срце“ кој резултираше со успешна изложба. Настанот е резултат на повеќемесечна онлајн акција (postavisce.tumblr.com) за собирање фотографии од оштетен инвентар во училиштата низ Македонија.

                                     Успешна изложба на „Постави срце“

Целта на „Постави срце“ е да ги потенцира желбите на учениците за подобра образовна средина и да ги приближи до оние кои треба да го решат проблемот на немање квалитетен инвентар за работа и учење. Онлајн акцијата пак беше наменета за сите средношколци кои сакаат да учат во училиште кое ќе обезбеди функционална работна средина. Во изминатите месеци беа изработени срциња од страна на организаторите и учесниците на акцијата кои беа поставувани во училиштата на оние места каде што беше потребна интервенција.

                                     Успешна изложба на „Постави срце“

Под мотото „Постави срце за подобар училишен инвентар“ свои фотографии  претставија учениците од средни училишта од Скопје, Велес, Битола, Неготино и Тетово.

                                     Успешна изложба на „Постави срце“

Иницијативата е дело на четири средношколки од Скопје: Срна Дамчевска, Нина Мирчевска, Софија Стојковска и Тина Миновска кои учествуваа на Летната академија 2013 на МОФ, а како дел од Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Таму тие се натпреваруваа со своите врсници од 13 градови за можноста да организираат иницијатива за подобрување на нивната заедница како преку отворање можности за учество на младите.

Т.М.