Успешен пробен лет на првиот комерцијален електричен авион

Деновиве успешно помина тестирањето на првиот комерцијален електричен авион во светот. Тој леташе десетина минути од Ванкувер со шест патници. Станува збор за производ на канадската компанија Harbour Air во соработка со компанијата magniX. Компаниите заеднички го тестираа патничкиот авион на реката Фрејзер во близина на Ричмонд.

Авион има 750 коњски сили, а со него управуваше извршниот директор и основач на Harbour Air, Грег Мекдугал. Пробниот лет е првиот чекор кон добивање сертификат за електричниот авион за комерцијална употреба, но и прв чекор кон изградба на првата комерцијална флота од електрични авиони во светот. Од Harbor Air се надеваат дека ќе можат целата флота да ја оформат до 2022 година. Моментално авионската индустрија е одговорна за 2% од глобалната емисија на CO2 и е еден од најбрзорастечките загадувачи.