Уште една општина на Ибица сака да забрани отворање на нови клубови и хотели покрај плажа

Во Сан Антонио, една од најпопуларните дестинации со клубови на Ибица, постои можност да се донесе закон со кој ќе се забрани изградба на нови клубови и хотели покрај плажа.

Според локалните медиуми, властите се состанале оваа недела за да разговараат за предлогот, кој беше донесен едногласно, а само еден член бил воздржани.

Во случај договорот да биде ратификуван од централното владеачко тело на Ибица, новиот закон ќе влијае на идните планови за какви било сцени на отворено во Сан Антонио, дефинирани на состанокот на советот како „нови станбени објекти со секундарна музичка активност и нови отворени места со музичка активност, познати како клубови на плажа”.

Причината за предложената забрана е нарушениот секојдневен живот на локалното население, кое поради деноноќните забави нема одмор.

„Бучавата е еден од најголемите проблеми за жителите на островот”, рече советникот на Сан Антонио за урбанистичко планирање и дејности, Хуанхо Ферер.

„Музика свири во секое време од денот и на секој агол, и во урбаните средини и во природните. Постојат плажи кои станаа области за уживање со диџеи, ресторани чии менија нудат техно сетови, хотели, кои се претворија во отворени клубови. Во последниве години, различни закони и прописи им даваат се повеќе и повеќе слобода на овие туристички објекти, дозволувајќи им ги овие секундарни активности “.

Во случај законот да се усвои, Сан Антонио ќе биде втората општина на Ибица што ја воведува оваа забрана. Санта Еулалија, во источниот дел на островот ја воведе оваа забрана во 2013 година.