Уште една недела до јубилејното 10 издание на фестивалот на нова музика „Здраво млади“

На 27 август во Младинскиот културен центар ќе настапат „Efterklang“, „Funk Shui“, „Lalalaр“, „PMG Kolektiv“, „DJ FITZ“ , а ликовниот уметник Сали Ертунч ќе се претстави со изложбата „25-тата слика – Неслушнатото, невиденото и незбореното“.
Од организацијата на фестивалот на нова музика велат дека полека и инаетливо се движат кон најновото издание, кое од инцидентен настан прераснало во дефиниција за добар провод.
„Здраво млади“ постои за да го опипа пулсот на постоечката независната култура и со тоа – да донесе бендови и артисти кои се во тек со модерната и современа музика од независната музичка сцена.  New music first другари“, истакнуваат од тимот.
Фестивалот ќе се одржи под посебни безбедносни и здравствени мерки, дефинирани во протоколот за организација на јавни настани.
Билетите по цена од 500 денари се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн.
Фестивалот е поддржан од Делегацијата на ЕУ во Скопје, Град Скопје и Министерство за култура.