Уште еден концерт „Филхармонија за филхармонија“

Со дела од Бетовен, Шнитке, Девиен, но и Шубер,овој четврток,односно на 4 март во Филхармонијата ќе се одржу уште еден камерен концерт од серијата насловена „Филхармонија за филхармонија“.

Во рамки на програмата ќе настапи квартетот „Вива Стрингс“ составен од Елена Талевска на виолина, Димитар Михајловски виолина, Дубравка Зајкова на виола, Дејан Теодосиевски на виолончело. Ќе настапи и триото во кое свират Илза Бафтијари на виола, Илинка Велкова на флејта и Маја Михајловска на виолончело.

На камерниот концерт ќе настапи и Пијано триото со Маријана Николовска на пијано, Даниел Лазаровски на виолина, Драган Гоневски на виолончело, но и групата виолончела на Филхармонија – Трио тромбони во состав од Бранко Илиевски, Никола Ристески и Александар Ниниќ. Ќе настапи и триото во кое свират Елена Талевска на виолина, Паскал Краповски на виолончело и Мерсиха Шукри на харфа.