Машки кит, кон крајот на февруари беше исфрлен мртов на брегот на Мурсија, јужна Шпанија, откако проголтал триесетина килограми пластичен отпад, со што стана потсетник за тоа колку е критично загадувањето на океаните.
По завршувањето на истрагата, Центарот за спасување на дивиот свет на Ел Валел утврди дека китот бил убиен од гастричен шок, на стомакот и цревата, откако изел триесетина килограми пластика. Во текот на аутопсијата во него биле пронајдени пластични кеси, мрежи, јажиња, пластични вреќи, па дури и пластичен канистер во стомакот и цревата.
Експертите откриле дека внатрешните ѕидови на абдоменот на китот се воспалени поради бактериска и габична инфекција. Ова најверојатно е резултатат на тоа што китот не може да ја истера пластика од својот систем. Китот од видот Physeter macrocephalus, како загрозен вид е заштитен во САД со Законот за зачувување на загрозените видови, тежел над 6 тони. Овие китови обично јадат лигњи и имаат сличен животен век како и луѓето, во просек околу 70 години.
This beached juvenile Sperm #Whale was found off the coast of #Spain. If it looks emaciated, it’s because it starved to death. In its stomach was 64 lbs of #plastic, causing an infection. Our #Oceans are drowning in a sea of plastic. We need to break our addiction. pic.twitter.com/oICIlyGHJw
— Daniel Schneider (@BiologistDan) April 7, 2018
Поттикната од смртта на китот, владата во Мурсија започна кампања против фрлањето пластичен отпад во водата на крајбрежниот град. Крајбрежната заедница работи на подигање на свеста за проблемот со се поголема количина пластика во океаните, како и за потребата за чистење на плажата.
Станува јасно дека пластиката во океаните е суштинска закана за морскиот живот во следните децении. Околу 5 трилиони парчиња пластика се проценува дека пловат во океанот, според една неодамнешна студија. За да бидат работите уште полоши, поморските експерти веруваат дека вкупната тежина на пластика во нашите океани може да ја надмине количината на риба во светските океани до 2050 година.