Македонскиот пијанист Арда Мустафаоглу, се враќа со две награди од интернационалниот EMCY натпревар за млади музички таленти во Истанбул, Турција.
Пограј „Гранд При“ наградата, меѓународното жири едногласно одлучило младиот Мустафаоглу да го награди и за „Најдобра изведба на турски композитор“ за изведбата на „Black Earth“ на турскиот композитор Фазил Сај.
Во втората етапа од натпреварот, пред турската публика во салата на Поморскиот музеј во општината Бешикташ, покрај задолжителната програма, Арда ја извел и Токатата од македонскиот композитор Властимир Николовски.
14-годишниот Мустафаоглу, во претходниот период освои први награди и на натпреварувања во Србија, Италија и Бугарија.