УСАИД и Градот Скопје основаа Локален економско-социјален совет

УСАИД и Градот Скопје основаа Локален економско-социјален советПроектот на УСАИД „Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување (Мрежа ЈЕС)“ го основа Локалниот економско-социјален совет (ЛЕСС) на градот Скопје.

Проектот на УСАИД Мрежа ЈЕС помогна да се основаат ЛЕСС во Струмица, Штип, Тетово, Гостивар, Битола и е исто така партнер на Економскиот совет од Прилеп.

Советите ЛЕСС како членови вклучуваат претставници на работодавачите, работниците, Агенцијата за вработување, образовниот сектор и граѓанското општество. Овие совети го олеснуваат јавно-приватниот дијалог со главен акцент на вработувањето на младите и трендовите на пазарот на трудот. Секој ЛЕСС го советува својот Општински совет во врска со овие прашања и изготвува препораки коишто соодветствуваат на локалниот контекст.

„Знаеме дека ова се амбициозни цели, но исто така веруваме дека тие можат да се достигнат. Намалувањето на стапката на невработеност во Македонија е клучно за нашата поширока цел на помагање на Македонија во развивањето на својата економија“, рече Директорот на Мисијата на УСАИД, Џејмс Стајн.

Проектот на УСАИД Мрежа ЈЕС ќе го поддржува Советот и ќе работи на градење на неговите капацитети со цел тој да доставува значајни препораки до Градот Скопје.