Уредници на Википедија уценувале за објавување статии

Уредници на Википедија уценувале помали бизниси во Британија и помалку познати личности да направат свои страници на онлајн енциклопедијата, објави Индепендент.

На жртвите на овој скандал им било побарано стотици фунти за да го „заштитат“ или да го ажурираат својот профил.

Станува збор за фотографи за свадби, изработувачи на опрема за домашни базени, изработувачи на детали за мебел во домаќинставата, за златари и производители на сите накит, но и за новинари и колумнисти на озборувачки рубрики во неделници за жени, како популарните весници „Грација“ и „Космо“, учеснци во популарното британско телевизиско натпреварување-Британија има таленти, но и за странски фирми од Ирска и Кипар.

Во истрагата што ја покренала Википедија, досега биле регистрирани 381 изнудени и наплатени прилози кои сега се блокирани од редакцијата.

Некои од уредниците, прво ќе го тргнеле прилогот од страниците на Википедија, со објаснување дека одредниците би можеле да се толкуваат како реклама.Но, веднаш по уплатата на бараните пари, прилогот најчесто неизменет се враќал во енциклопедијата.

Од 2001 година, на Википедија има прилози за повеќе од пет милиони Британци, а редакцијата на енциклопедијата користи тим од 250 илјади луѓе за да се заштити автенитичноста на содржината.