Добра вест за луѓето кои не се родени со талент за цртање. Новиот проект на дизајнерот/инженерот Saurabh Datta претставува серија уреди што ги учат луѓето на едноставни задачи, од свирење на пијано, до цртање на основни форми.
Datta го започнал својот проект со цел да истражи како би можел да научи да свири на пијано со помош на машина. Тој се прашува дали ако им дадеме поголема улога на машините во нашите животи, тие би можеле да ни помогнат да ја подобриме нашата мускулна меморија. Teacher, на пример, е машина која го предводи корисникот во цртање, така што ја тера раката да прави одредени движења. Процесот се повторува се додека раката сама не запамети што треба да направи.
Неговата претходна машина, Forced Finger, исто така користи систем на повратни информации кој го контролира показалецот, односно да го подига и спушта прстот на одредени копчиња на пијаното. Во целост, машината ги третира ексремитетите како неподвижни апарати, наместо како активен механизам.
Прототиповите се уште не се наменети за активна употреба, со оглед на тоа дека се направени за една недела. Тие се повеќе направени со цел да се види како луѓето и машините би можеле да имаат интеракција меѓу себе во иднина.
При истражувањето, дизајнерот открил дека луѓето не се чувствуваат удобно кога машината има целосна контрола над нив, но и дека со повторувањето на одредена задача машината и корисникот се запознаваат подобро и ги синхронизираат потезите.
Извор: WIRED