Урбани уметнички акции – Снешко порачува да ја носите маската над носот

Носи ја маската правилно над носот е пораката на денешната акција насловена „Снешко поручуе“на групата Урбани уметнички акции.

„Со оваа акција сакаме да ги потсетиме граѓаните дека и покрај новогодишните празници епидемијата е во полн ек и секојдневно броиме стотици новозаболени и десетици мртви. Во вакви услови и покрај новогодишните празници несмееме да се олабавиме и да заборавиме на опасноста. Инспирацијата за оваа акција е фактот што огромен број наши сограѓани постојано не ги почитуваат мерките и неправилно ги носат маските со носовите над макските со што не само што воопштоо не се заштитуваат себеси туку и гругите ги изложуваат на опасност“, велат од групата.

Снешкото е поставен на плоштадот Македонија. Акцијата е финансики поддржана од фондацијата Отворено општество Македонија.