„Урбани печати” – изложба на ученици од ,,Лазар Личеноски”

Урбани печати” е експериментална графичка работилница која што беше реализирана во скопскиот Градски парк со младите графичари од средното уметничко училиште ДСУЛУД „Лазар Личеноски“, под менторство на визуелните уметници Соња Димовска, Доротеј Нешовски и Ана Трајковска.

Целта на оваа работилница беше да им се покаже на младите средношкоци дека графиката како медиум не мора да биде ограничена од просторот, дека може да се создава печат во секаква околина и во едно да се употребат ресурсите што ги нуди опркужувањето.

Бројните печати кои што произлегоа од оваа работилница ќе бидат поставени во дворот на кафе -книжарницата „Буква“, во форма на инсталација која што го соединува вкупниот труд и творечки дух на сите учесници (Кристина Димовска, Јана Димоска, Зафировска Андријана, Миланова Ангела, Петрушевска Ангела, Младенова Ивана, Ристевска Калина, Ристовски Јован, Трајковска Анастасија, Тричковска Ана, Стојкова Јана и Џатева Антонела).

Проектот е поддржан од Град Скопје и Агенција за млади и спорт, во соработка со Средното училиште ДСУЛУД „Лазар Личеноски“, Факултетот за ликовни уметности – Скопје и Кафе- книжарница „Буква“.