„Упорност“ – новиот ровер што ќе им помага на научниците на НАСА во истражувањето на Марс

Роверот кој летово ќе биде лансиран на Марс ќе се вика „Упорност“ („Perseverance“), одлучи американската вселенска агенција НАСА. Ова е резултат од конкурсот и интернет-гласањето спроведено изминативе неколку месеци.

Новото име го предложи Александер Метер – 13-годишен ученик од американската сојузна држава Вирџинија.

Слетувањето на „Упорност“ на Марс се очекува во февруари 2021 година, со приземјување во областа Кратер. Роверот ќе собира примероци од „Црвената планета“ коишто ќе бидат пратени на Земјата заради анализа. Ќе се бараат и знаци на живот, наоѓалишта со минерали и можни микроскопски фосили во околината, што ќе им помогне на научниците да утврдат дали живот на Марс некогаш бил можен.

Покрај тоа, „Упорност“ ќе ја испитува и почвата и ќе тестира дали таму јаглерод-диоксидот може да се претвори во кислород.