Универзитетот „Св.Климент Охридски“ објави конкурс за најдобар истражувачки труд

Универзитетот „Св.Климент Охридски“ од Битола го објави традиционалниот конкурс за најдобар истражувачки труд и есеј на кој може да учествуваат студенти од прв циклус студии на овој универзитет.

Истражувачкиот труд е по слободен избор на студентот, но услов е трудот да не бил објавуван. Истото важи и за натпреварот за избор на најдобар есеј

Истражувачките трудови и есеи ќе ги оценуваат посебни комисии кои определуваат поблиски критериуми за вреднување на пристигнатите истражувачки трудови и есеи. И годинава најдобрите трудови ќе бидат парично наградени со 20.000 денари за прва, 15.000 денари за втора и 10.000 денари за трета награда и во двете конкуренции.

Краен рок за пријавување на трудот е 31 октомври.