Универзитетот „Оксфорд“ ја објави својата прва стипендија за непривилегирани црни британски студенти

Универзитетот „Оксфорд“ ја објави својата прва стипендија за црни, непривилегирани студенти од Британија. Стипендијата ќе биде финансирана од страна на американскиот претприемач Арлан Хамилтон, кој го создаде фондот „Бекстејџ Капитал“ за почетници, управуван од под-претставени основачи.

Стипендијата „Оксфорд-Арлан Хамилтон“ и „Ерлин Батлер Симс“ ќе започне во 2020 година и ќе трае три години. За секој успешен апликант ќе бидат обезбедени трошоците за живот и школарината за тригодишни додипломски студии.

Во јуни, Универзитетот „Оксфорд“ соопшти дека го дале најголемиот процент од своите места на студенти од етничко малцинство во нивната историја. Во извештајот се вели дека 18% од студенти се од етнички малцинства, додека 61% од учениците посетувале државни училишта.

Оксфорд претходно беше критикуван дека е социјално ексклузивен од поранешниот министер за образование, Дејвид Лами.  Г-ѓа Хамилтон рече дека процесот е дел од програмата што таа ја финансира во Соединетите Држави, со цел да привлече повеќе црни студенти во универзитетите.

„Јас навистина сакам некој што нема или немал можност да оди на овој универзитет, да го стори тоа“ – рече таа.  „Сакам тие да бидат вистински охрабрени и способни да се фокусираат на себеси, наместо да се грижат за нештата, за кои што јас морав да се грижам за во минатото; како да ја платам киријата додека се обидувам да добијам образование. Сакам тие да бидат во можност да се фокусираат на работите што ги интересираат и им даваат живот“- продолжи Хамилтон.

Секој корисник, исто така ќе добие грант за студирање во износ од 3.000 фунти за зајакнување на потенцијалите за вработување. Апликантите треба да бидат од црно-африканско, карипско или мешано расно потекло за да се квалификуваат. Универзитетот ќе користи програми за да го утврди социо-економскиот статус на апликантите и дали луѓето од нивната област нормално би посетувале високо образование без доделувањето на стипендиите.
„Во 2019 година, заложбата на Универзитетот „Оксфорд“ направи секој академски талентиран студент во земјата да знае дека има фер шанса на место како Оксфорд“ – изјави професорот Мартин Вилијамс, заменик канцелар на универзитетот.

Извор: BBC