Универзитетот на Југоисточна Европа доделува 150 стипендии за идните студенти

Универзитетот на Југоисточна Европа доделува 150 стипендии за идните студентиУниверзитетот на Југоисточна Европа објави повик за стипендии за новозапишаните студенти во  академската година 2013/2014 година. Преку различни  финансиски програми за  поддршка во соработка со меѓународи донатори и бизнис заедницата, ќе бидат доделени вкупно 150 стипендии.

Според критериумите, доделувањето на стипендиите ќе се прави врз основа на заслуга (merit based),  финансиска потреба (need based) и врз основа на заслуга и финансиска потреба. За првите при доделувањето ќе се земат во предвид резултатите од тестирањето за стипендии и успехот од средно образование на кандидатот, за вторите ќе биде земена во предвид социјалната и економската состојба и успехот од средно образование на кандидатот, додека за третиот вид стипендии ќе бидат земени во предвид горенаведените критериуми и барањата на компанијата донатор.

Условите за пријавување се објавени на веб страната на Универзитетот на Југоисточна Европа www.seeu.edu.mk. За повеќе информации сите заинтересирани може да се обратат во Канцеларија за финансиска помош преку е-мејл  financialaid@seeu.edu.mk, или на телефон 044 356 044 а крајниот рок за аплицирање е 23 април.