Универзитетот „Гоце Делчев“ прославува осум години од своето постоење

Универзитетот „Гоце Делчев“ со свечена програма ќе го одбележи својот патронен празник на 27-ми Март, со што и официјално ќе влезе во деветтата година од своето работење.

Одбележувањето на патронатот на УГД започнува денеска, со доделување признанија за најдобрите на универзитетките спортски игри организирани на универзитетот. За утре (26 март), е најавена промоција на Каталогот на изданија за 2014 година и Фондот за наука 2015 година.

Централниот настан ќе се одржи во петок со Свечена седница на Универзитетскиот сенат, кога ќе биде доделена и плакета на МАНУ за особен придонес во афирмацијата и долгорочната соработка помеѓу двете институции. Во сабота пак ќе се доделуваат дипломите на дипломираните студии од прв и втор циклусна студии, а во рамки  на програмата ќе има промотивна проекција на кратки филмови од студентите на Филмската академија.