Универзитет во Тексас им дозволи на студентите да носат оружје

Во потег што е директно спротивен на мерките за контрола на оружјето на американскиот претседател Барак Обама, Универзитетот Тексас во градот Остин им дозволи да носат оружје во предавалните.

Студентите ќе мораат да го носат оружјето скриено, а тоа генерално ќе биде забрането во интернатите, предвидуваат новите правила. Според претседателот на универзитетот, кој се противи на одлуката, која е резултат на промена на легислативата од страна на Републиканците во државата. Според Greg Fenves, ова е најголемиот предизвик со кој се соочил на неговата функција.

„Не верувам дека пиштолите припаѓаат на еден универзитетски кампус, па оваа одлука беше мој најголем предизвик“, вели Fenves, кој според новиот закон е принуден да им дозволи на близу 50.000 студенти да носат оружје од август годинава.

Мерката со која се дозволува оружјето на тексашките кампуси е пречекана со жесток отпор од многу студенти и вработени на универзитетите.

На крајот на минатата година, претседателот Обама претстави мерки за засилување на проверките при продажбата на оружје, во обид да се спротивстави на растечкото насилство со огнено оружје во земјата. На ова се побунија републиканските политичари и моќните групи за застапување за оружјето. Во САД годишно умираат по околу 33.000 луѓе, како последица на рани од огнено оружје, а во оваа бројка се вклучени убиствата, самоубиствата и несреќните случаи.